Ѕвездата на европскиот првак Ливерпул, Садио Мане, вечерва во 29-тата минута од дуелот со Кенија на Африканскиот куп на нациите утна пенал, при што голманот Матаси топката ја фати „жива“ и тоа покажува колку беше млак ударот на Мане. На полувреме резултатот е 0-0, скор кој во моментов им одговара на двете селекции (Сенегал би бил втор, а Кенија со 4 бода може да се надева дека ќе биде меѓу најдобрите трети).
Мане пред две години утна клучен пенал на Афкон, кога Сенегалците беа елиминирани од Камерун по изведување на удари од 11 метри. По двете утки на Мане од белата точка, неговата самодоверба веројатно е многу мала и можеби наредниот пенал ќе го шутира друг поединец.
https://twitter.com/i/status/1145778820101955589