Сенка на победата на Севилја – Вацлик се повреди во последните моменти (Видео)

Најдобриот стрелец на Севилја, Лукас Окампос, повторно беше снаодлив и со нов погодок, тринаесетти сезонава во Ла Лига, и ѝ донесе победа на екипата од Андалузија против Ејбар.

Аргентинецот одлично се снајде во 56-тата минута и реагираше во манир на расен напаѓач, по асистенцијата на Навас, погоди за победа од 1:0.

https://www.youtube.com/watch?v=HrjnQ1i0i2E

Севилја имаше апсолутна иницијатива во последниот меч од 34-тото коло во Ла Лига, што беше многу значаен и за двете екипи.

Сенка на победата на домаќините фрли повредата на голманот Вацлик во последните моменти од мечот.

Домаќините бијат битка за една од првите четири позиции, кои гарантираат настап во Лигата на шампионите следната сезона, и сега со победата против Ејбар си направија резерва од шест бода пред Вилјареал и 7 од Хетафе на четвртото место на четири кола до крајот на Ла Лига.

Ејбар остана на 17-тото место, последно што гарантира опстанок во шпанската лига, и има шест бода повеќе од Мајорка и 7 од Леганес, што е добра предност во обидот да избегне испаѓање од Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести