Сент Етјен ја продолжи мизеријата на Марсеј

Сент Етјен со третата лигашка победа по ред, а десетта во сезоната, овојпат над Олимпик Марсеј со 2-1, изби на третото место на табелата во француската лига само со бод помалку од вториот Лил, а два повеќе од четвртиот Лион.

Тунижанецот Вахби Казри беше јунакот на „светците“ во зелени дресови. По водството на Марсеј преку Стротман во 16-тата минута, Казри во 59-тата изедначи од пенал, а во 88-мата со прекрасен шут ја затресе мрежата на гостите и на својот тим му донесе големи три бода.

Некогашниот европски првак Марсеј не знае за победа уште од 25-ти ноември и сега е само деветти на табелата, но има и еден меч помалку и бодовно не заостанува многу зад екипите кои се борат за излез на европска сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести