Сент Етјен направи нешто што немаше направено пет години

Да се совлада последнопласираниот Каен, не беше никаков проблем за Сент Етјен, но „светците“ го искористија овој натпревар за да направат нешто што немаа направено од 10 мај 2014 година. Сент Етјен чекаше речиси пет години за да постигне три гола во прво полувреме од еден лигашки натпревар. Стрелците беа расположени, па на крај на „фенерџијата“ му „пукнаа“ петарда.

Гол немаше само на дуелот помеѓу Анже и Амиен, а домашните утнаа пенал во 82 минута. Бодот на Амиен му помогна да врзат четири меча без пораз и сега се на седум бода над место кое води во втора лига. Ним во 90 минута погоди пенал и освои бод против соседот на табелата Стразбур.

РЕЗУЛТАТИ: Анже – Амиен 0-0, Каен – Сент Етјен 0-5, Гингам – Дижон 1-0, Ним – Стразбур 2-2.

- Оглас -

Најнови вести