Сензација на Кожув, го урнаа Работнички во Скопје

Кире Николовски беше единствената светла точка кај Работнички кој претрпе изненадувачки пораз од Кожув со 78:81 на домашен терен.

Репрезентативецот на Македонија беше најефикасен на мечот со 29 поени, но немаше поддршка од соиграчите, па бодовите патуваат за Гевгелија.

Работнички одигра подобро од гостите во првото полувреме и водеше со 42:37, но се случи комплетен пресврт во вториот дел.

Силаџи и Станоевиќ искомбинираа 35 поени како најефикасни поединци кај Кожув, а гостите од минус пет стигнаа до позитива од три поени за голема победа во Скопје.

Во останатите мечеви денеска од Првата лига, Куманово ја победи ФМП Академија со 72:66, а МЗТ Скопје 2 беше поуспешен од Црн Дрим и победи на гости со 84:80.

- Оглас -

Најнови вести