Сензација во Дижон, фенерџијата го победи шампионот

Дижон одигра одличен меч и приреди првокласна сензација со победа против шампионот на Франција, ПСЖ, со 2.1 на домашен терен.

Подвигот е уште поголем, бидејќи домаќините направија пресврт и анулираа негатива од 0:1, по голот во 19. минута што го постигна репрезентативецот на Франција, Килијан Мбапе.

Домаќините израмнија во судиското продолжение од првото полувреме, а со гол веднаш на почетокот на вториот дел и поведоа со 2:1.

ПСЖ имаше неколку шанси да израмни, но промашуваа и Икарди и Мбапе, па шампионот на Франција го претрпе третиот пораз во 12. коло во Лига 1.

- Оглас -

Најнови вести