Александер Зверев имаше повеќе нерви од искусниот тениски ас Роџер Федерер и во два тесни сетови го победи за пласман во финалето на завршниот мастерс турнир што се игра во Лондон.
Германецот направи брејк во вистински момент во првиот сет, во самиот финиш му го одзеде сервисот на противникот и со 7:5 во гемови поведе со 1:0.
Во продолжение се играше израмнето до 1:1, па Федерер направи брејк, но веднаш го загуби следниот сервис и сетот влезе во тај-брејк.
И тука Зверев беше поконцентриран го доби тај-брејкот со 7:5 во поени и славеше со 2:0 во сетови за пласман во големото финале.
Противник ќе му биде подобриот од второто полуфинале што ќе се игра од 21 часот меѓу Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон.