Сензационална изјава: Меси не е машина како Роналдо, Аргентинецот не може да игра во Премиерлигата

Емануел Пети изненади со изјават дека Лионел Меси нема физички капацитет да игра во Премиерлигата во Англија, откако медиумите на Островот објавија вест дека Манчестер сити преговара со аргентинскиот волшебник.

„Искрено мислам дека Меси не може да одговори на интензитетот со кој сеигра фудбал во Премиерлигата. Меси на 32-33 години нема да биде физички подготвен за настап во англиското првенство. Во Шпанија го штитат, но на Островот е се поинаку. Меси не е машина како Роналдо и не знам зошто Манчестер сити сака да го доведе во своите редови. Пред неколку години секако тоа би бил одличен трансфер, во оваа доба на Меси мислам дека нема да биде исплатливо за Сити“, вели Пети.

Тој играше за Барселона една сезона на самиот почеток на овој милениум, откако претходно од 1997 до 2000 година беше член на лондонски Арсенал и одлично ги познава условите во двата топ фудбалски шампионати во Европа.

- Оглас -

Најнови вести