МОЛ Фехервар го мерка Серафимов, сака да ја продолжи македонската традиција

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Никола Серафимов, одигра одлична сезона за Залаегершег и веќе има понуда од МОЛ Фехервар за трансфер во летниот период.

Стоперот на Залаегершег е меѓу најефикасните дефанзивци во првенството на Унгарија и постигна четири гола, а одлично игра цела сезона.

Лани во јуни од Академија Пандев се пресели во редовите на Залаегершег и има актуелен договор до 2025 година.

Серафимов ако ја прифати понудата на МОЛ Фехервар, би играл на местото на Висар Муслиу, кој беше член на овој клуб од 2019 година до јануари оваа година, кога се пресели во германскиот второлигаш Инголштад.

За МОЛ Фехервар од 2018 година до лани играше и Бобан Николов, уште еден македонски репрезентативец.

Серафимов има 22 години, а досега настапуваше за Вардар, Пелистер, Брегалница, Академија Пандев и сега за Залаегершег.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести