Никола Серафимов, кој игра во унгарското првенство за клубот Фехервар, е еден од македонските фудбалски интернационалци кои се најстандардни во своите клубови, а пред дуелите со Летонија и Фарски Острови в четврток, односно в недела, ги кажа своите очекувања од овие средби од Лигата на нациите.
„Ова е последен собир за оваа година, мислам дека досега сè што планиравме, го остваривме, се надевам дека така ќе биде и сега во ноември. По мечот во Фарски Отрови, кога одигравме 1-1, променивме некои работи и мислам дека сме на добар пат. Нема да ги потцениме двата противника, но нашата цел е да оствариме две победи“, вели Серафимов.
Никола направи и мини-анализа на двата противника.
„На секој меч мора да се одигра според договореното. Фарски Острови ја препуштаат иницијативата, а опасни се од контранапади и прекини. Летонија игра поофанзивно, но како што кажав, наша цел е да победиме на двата меча“, додава еден од столбовите на одбраната во тимот на селекторот Благоја Милевски.