Серена чекори кон титулата на Вимблдон со Мики и Мини Маус на лактот

Славната американска тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во полуфиналето на гренд слемот Вимблдон, а на некои мечеви таа на левиот лакт има фластер со ликовите од цртаните филмови.

Пред две години, Серена стана мајка, ја роди Алексис Олимпија Оханијан џуниор, а веројатно додека минува време со неа, постојано ги гледа дизниевите јунаци, па на себе носи мотиви од цртаните ликови. На фластерот се глувците Мики и Мини Маус, кучето Плуто, Пајо Паторот, итн.

Вилијамс, која во септември ќе полни 38 години, во денешното интересно четврт-финале ја совлада сонародничката Алисон Риск со 6-4, 4-6, 6-3, а во полуфиналето за противничка ќе ја има Барбора Стрицова. Другата полуфинална двојка е позната, тоа е Симона Халеп против Елина Свитолина. Романката и Украинката своите четврт-финални пречки ги прескокнаа во два сета.

- Оглас -

Најнови вести