Серена и Надал немаа милост кон ривалите, крај за женскиот рекет број 1

Супер-понеделникот на Вимблдон во кој се играат сите осминафинални мечеви во машка и женска конкуренција, засега донесоа едно изненадување, елиминација на Ашли Барти која е прворангирана тенисерка на ВТА листата.

Барти беше поразена од Американката Алисон Риске со 1-2 во сетови, па така нема да има дерби во четврт-финалето кое го чекаа фановите, туку Риске ќе се сретне со славната сонародничка Серена Вилијамс. Вилијамс немаше проблем со Карла Суарес Наваро и за 65 минути ја прегази со 6-2, 6-2.

Кај мажите, работата експресно си ја заврши Рафаел Надал, кој со лесни 6-2, 6-2, 6-2, го надигра Жоао Соуса. Следна пречка за Надал ќе биде Квери или Сандгрен. Понатаму оди уште еден Шпанец, Роберто Баутиста Агут, кој во четврт-финалето ги чека Раониќ или Пела.

- Оглас -

Најнови вести