Серена нема време за чекање, ја насмеа публиката во Мелбурн (Видео)

На Серена Вилијамс и се брза да ја освои 24-та гренд слем титула, а ја насмеа публиката со потегот при официјалното претставување за дуелот со Симона Халеп, кој почна пред десеттина минути.

Најтрофејната активна тенисерка излезе на теренот и веднаш се врати бидејќи не и беше редот при претставувањето. Најавена беше Симона Халеп, а место неа излезе Американката.

За старт на дербито од осминафиналната рунда успеа да ја насмее публиката, а за некој час ќе видиме дали и со победа ќе ја напушти „Род Лејвер арената“ во дуелот со првата носителка, Халеп.

- Оглас -

Најнови вести