Серена Вилијамс го играше 1.000-тиот меч во профи-кариерата, и неочекувано загуби

Аргентинката со украинско потекло, Надја Подороска, приреди изненадување на Мастерсот во Рим, ја совлада славеничката Серена Вилијамс, која го одигра својот 1.000-ти официјален меч во тениската кариера. Од активните тенисерки, повеќе мечеви од Серена имаат само нејзината сестра Венус (1.066) и Саманта Стосур (1.049), а апсолутна рекордерка е Мартина Навратилова со 1.661 меч.

Подороска во дуелот од второто коло во Рим победи со 7-6, 7-5. Серена Вилијамс има 23 грен-слем титули, една помалку од рекордерката Маргарет Корт, но веќе четири години нема освоено некој од четирите најважни турнири во светот на тенисот. Во двојки со постарата сестра Венус, имаат 14 грен-слем титули. На првото место на ВТА листата, Серена беше 319 недели, со што е трета меѓу жените зад Штефи Граф и Мартина Навратилова, а има и златни медали од Олимписки игри и во сингл и во дубл.

- Оглас -

Најнови вести