Серена Вилијамс се чекираше за Мелбурн, ќе атакува на осма титула на Отвореното првенство на Австралија

Серена Вилијамс ќе се врати на терените во Мелбурн и по едногодишна пауза, повторно ќе игра на Отвореното првенство на Австралија. Првиот Гренд слем во сезоната ќе се игра од 14-ти до 27-ми јануари, а Серена го потврди учеството.

Помладата од сестрите Вилијамс има 7 трофеи на австралиското тениско првенство, а лани не играше. Паузата беше поради породувањето.

Отвореното првенство на Австралија ќе го има 107-мото издание на турнирот, а титулите ќе ги бранат Каролина Возњацки кај дамите и Роџер Федерер во машка конкуренција.

Серена претходно ќе игра на Хопман купот, турнир што се игра во Перт.

 

- Оглас -

Најнови вести