Сергеј во јануари се сели во Милано

Сергеј Милинковиќ Савиќ во јануари ќе го облече дресот на Милан, најавуваат италијанските и српските медиуми. Иако има лоша сезона, за популарниот СМС има голем интерес од повеќе европски клубови, но најупорен во обидите е Милан, кој ја доби трката со ривалите Јувентус и Интер.

Новинарот Франко Мели кој е близок со раководството на „бјанко-челестите орли“ од Рим, тврди дека договорот помеѓу Лацио и Милан е готов, и а обештетувањето ќе биде 70 милиони евра.

Летоска лацијалите одбија многу поголеми понуди за Милинковиќ Савиќ, бараа дури 200 милиони, но сега се спуштија на земја и за нив се прифатливи и 70, бидејќи ако Србинот продолжи со бледи игри, цената може уште повеќе да му падне.

Милан предводен од спортските директори Леонардо и Паоло Малдини, има големи амбиции, а една од шпекулациите за јануари е дека ќе го доведат напаѓачот Алваро Мората, со тоа што Гонсало Игуаин би се преселил во Челзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести