Еден од најдобрите голгетери во 21 век, Серхио Агуеро реши да се врати во фудбалот и тоа на турнирот кој вреди еден милион долари, а победникот го добива целиот награден фонд.
Поради срцеви проблеми Агуро во 2021 година ја прекина кариерата, а последен пат го носеше дресот на Барселона. Во последно време се почести беа најавите дека Агуеро размислува да се врати на теренот, а сега е потврдено и кога ќе се случи тоа.
Во летниот период во САД ќе се одржи интернационален турнир на кој ќе се игра „7 на 7“ со екипи во кои ќе има и професионални фудбалери и ѕвезди од светскиот фудбал. Таму ќе бидат екипите на Борусија Дортмунд, Врексам, Комо, потоа екипа на Марио Балотели, екипа на Нани и уште многу други екипи, а сега е сигурно ќе ќе настапи и екипата на Серхио Агуеро.
Breaking: Sergio Aguero is coming out of retirement to play in this summer’s 7v7 tournament @TST7v7 with a $1M prize
He’s entering his own team: Ü and they’ll be debuting Man City’s 24/25 home kit pic.twitter.com/t6WGRHty4k
— ESPN FC (@ESPNFC) April 5, 2024
„Пресреќни сме што можеме да посакаме добродојде на Агуеро и неговиот тим на турнирот оваа година. Не само што тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, туку сигурно ќе биде и еден од најголемите фаворити. Овој турнир е полн со забава, но и натпреварувачки дух“, вели директорот и основачот на турнирот, Џон Мугар.
Натпреварувањето ќе биде во градот Кари во Северна Каролина од 5 до 10 јуни, а екипата која ќе победи, ќе заработи еден милион долари.
Агуеро кој со 260 погодоци е рекордер по бројот на погодоци во Манчестер сити, освои пет титули во Премиер лигата. На овој турнир, тимот на Агуеро ќе настапи во дресот на Манчестер сити кој ќе биде за сезоната 2024/25.