Манчестер сити остана без трофејот во ФА Купот откако во финалето на Вембли загуби со 1:2 од Манчестер јунајтед. Овој меч го гледаше и најдобриот стрелец во историјата на Сити, Серхио Агуеро кој на крајот повторно имаше причини за радост.
Некогашниот аргентински голгетер одиграл тикет во обложувалница и е добитен. Сити беше голем фаворит за победа, но Агуеро не одиграл навивачки на неговиот екс тим, туку решил да „брка голови“.
Агуеро вложил 10.000 долари дека ќе бидат постигнати 3+ погодоци во финалето. Манчестер јунајтед на полувремето водеше со 2:0, а тикетот сепак „висеше“ до 87 минута кога Сити постигна почесен погодок и со тоа тикетот дека ќе има три или повеќе голови е добитен, а Агуеро се заработи 15.500 долари, односно чист ќар од 5.500 долари за помалку од два часа фудбал.
View this post on Instagram
Агуеро е познат како добар прогнозер кога се работи за обложувалниците. Минатиот месец на дербито меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити што се играше на „Сантијаго Бернабеу“ тој истотака уплати 10.000 долари дека ќе има три или повеќе погодоци, а тикетот му беше добитен по само 15 минути игра и одлично заработи.
Овојпат во финалето на ФА Купот, Агуеро чекаше до 87 минута за да биде 3+, но што е најважно, на крајот повторно е добитен.