Серхио Рамос стана европски рекордер, сега атакува на светскиот трон

Серхио Рамос и вечерва е командант во одбраната на Шпанија на гостувањето кај Швајцарија. За капитенот на Црвената фурија ова е 177 настан во дресот на Црвената фурија, со што постави европски рекорд. Ниту еден фудбалер од Стариот континент немал толку многу мечеви во дресот со националните бои. Досега овој рекорд беше на Џанлуиџи Буфон кој имаше 176 настани за Италија.

Ако се знае дека Рамос има 34 години и уште не размислува за повлекување од националниот дрес, во многу брзо време може да видиме како го руши и светскиот рекорд. Ахмед Хасан во дресот на Египет имал 184 настапи, што значи дека на Рамос сега му се потребни само уште осум настапи за Шпанија, за да стигне до светскиор рекорд по бројот на одиграни натпревари во националниот дрес.

„Тоа го можат само најталентираните, најподготвените фудбалери. Рамос секогаш е подготвен. Тој дури не се ни разболува и едноставно не знае што е тоа умор. Очекувам да игра уште долго време за Шпанија“, беше коментарот на селекторот на Црвената урија, Луис Енрике, пред мечот со Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести