Серија А е банкрот – Клубовите бараат да се замрзнат четири плати

Многу сериозна е состојбата во Серија А, една од најсилните фудбалски лиги на светот, а финансиите ги мачат речиси сите клубови. Здружени заедно побараа од фудбалската федерација на Италија да се замрзнат последните четири плати на сите играчи, а последните две воопшто и да не се иплатат.

Кризата е очекувана, поради долгото траење на пандемијата со Ковид-19, сите клубови имаат големи проблеми со пари. Нема приходи од влезници, маркетингот послабо функционира, а опадна драстично и продажбата на дресови и клупски сувенири.

Долг период се игра без присуство на публика, па ударот е опасен по стабилноста на сите прволигаши во Италија.

Вакво барање првично имаше од раководството на Интер, кој е нов шампион на Италија, а фудбалерите се согласија да не им бидат исплатени две плати.

Сега сите клубови имаат идентични барања, со тоа што замрзнатите четири плати што ги предлагаат би им биле исплатени на фудбалерите во иднина кога ќе се стабилизира финансиската криза.

 

 

- Оглас -

Најнови вести