Серија А има нов лидер – Интер

По пауза од седум години, Интер конечно победи на гостувањето во Фиренца против Фиорентина, во меч од Серија А. Нераѕурите постигнаа по еден гол во двете полувремиња за триумф од 2:0. Барела погоди за 1:0 во 31 минута, а триумфот на гостите го потврди Иван Перишиќ со погодокот во 52 минута.

Интер имаше четири нерешени и три порази од претходните седум гостувања на „Артемио Франки“, но тимот од Милано сега потврдува дека има шампионски амбиции, а тоа значи дека мора да се освојуваат трите бода и на гостувањата.

По 21 одигран меч, Интер има 47 бодови, еден повеќе од градскиот ривал Милан, кој в недела на свој терен ќе игра против Кротоне. До дуелот на Росонерите, Интер е биде предводник на табелата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести