Серија А ќе ја одбележи годишнината од смртта на Астори

Италијанската Серија А ќе ја одбележи годишнината од смртта на некогашниот капитен на Фиорентина Давиде Астори. Сите клубови прифатија да му одадат почит на Астори, кој почина на четврти март 2018 година, во сон во хотелската соба, непосреднo пред мечот против Удинезе. Обдукцијата покажа дека Астори имал проблеми со срцето.

Астори во Фиорентина и во Калјари го носеше дресот со бројот 13, па поради тоа на сите стадиони во Серија А во 13-тата минута на семафорите ќе се појави фотографија од Астори, која ќе стои точно 13 секунди. Навивачите во тие моменти треба со аплауз да покажат дека се сеќаваат на некогашниот италијански репрезентативец.

Прв меч кој ќе се одигра во 26-тото коло на Серија А е дуелот меѓу Калјари и Интер, вечерва во 20:30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести