Серија А ќе организира турнир во САД за време на Светското првенство во Катар

Паузата која што ќе биде повеќе од шест недели за време на одржувањето на Светското првенство во Катар, претставува голем проблем за најсилните европски лиги и клубови.

Фудбалерите кои што нема да настапуваат на ова Светско првенство, сред сезона ќе морааат само да тренираат, без да играат официјални натпревари.

Италијанската федерација пронајде одлично решение и во тој период ќе организира турнир во САД, на кој што ќе настапат сите екипи од Серија А со фудбалерите кои што нема да бидат дел од ова СП во Катар.

Федерацијата се надева дека ќе го зголеми интересот на Американците кон фудбалот во Италија и дека ќе привлече што повеќе спонзори од земјата во која што фудбалот е сè уште во развивање.

- Оглас -

Најнови вести