7.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Серијата на Детроит застана на 13 победи, шампионот Оклахома десети пат по ред се радуваше на триумф (Видео)

Во неизвесен меч до последната секунда Бостон славеше над Детроит со 117:114 во еден од деветте меча кои се играа ноќеска во НБА-лигата. Дури 15 промени на водството имаше, а на 100 секунди до крајот беше нерешено 105:105. Потоа Бостон водеше со 111:110 на 15 секунди до крајот, кога Детроит имаше напад за победа, но гостите ја загубија топката и така пропадна шансата да ја продолжат серијата победи.

Со ваквиот расплет на мечот заврши големата серија од 13 победи по ред на Детроит, тим кој го претрпе само третиот пораз во 18 меча сезонава. Кејд Кенингам со 42 поени беше најефикасен кај Детроит и воопшто на мечот.

Серијата победи ја продолжи актуелниот НБА-првак Оклахома. На домашен терен Оклахома со 113:105 ја победи Минесота, што е десети триумф по ред за шампионот, а вкупно 18-та победа во 19-те средби одиграни досега сезонава, што повторно го прави најдобар тим во лигата.

Резултати: Шарлот – Њујорк 101:129, Мајами – Милвоки 106:103, Оклахома – Минесота 113:105, Торонто – Индијана 97:95, Њу Орлеанс – Мемфис 128:133 по продолжение, Голден Стејт – Хјустон 100:104, Портланд – Сан Антонио 102:115, Сакраменто – Феникс 100:112.

- Оглас -

Најнови вести