Сержи е „малерот“, беше во Барса на последните два меча на кои тимот не победи после водство од 3-0

Барселона само четири пати во поновата клупска историја не успеала да победи на лигашки натпревари на кои имала водство од три гола разлика. Такво нешто им се случило во 1992 против Албасете, па во 1993 против Атлетико Мадрид, во 1998 против Валенсија и денеска против Селта.

Интересно е што заеднички именител на последните две бруки на Каталонците е Сержи Бархуан. Тој во 1998 играше за Барса кога тимот загуби од Лилјаците со 3-4, иако водеше со 3-0, а денеска од клупата како в.д.тренер, не успеа во Виго да ја задржи предност од 3-0, па натпреварот заврши 3-3.

За тоа како игра Барселона на гости сезонава, покажува податокот дека за првпат после 1986/87, тимот нема победа на првите пет гостински средби. Кога и 3-0 не е доволно за победа, јасно е дека новиот тренер Чави ќе има многу работа да го зацврсти тимот на психолошки план.

- Оглас -

Најнови вести