Дури и Бускетс даде гол, Барселона водеше 3-0, а не можеше да победи (Видео)

Барселона не знаеше да победи во Виго против Селта иако водеше со 3-0 по првото полувреме, во последниот меч за тимот пред тренерската функција да ја преземе Чави. Селта е очаен домаќин, сезонава овој тим на свој терен не водеше во ниту еден момент, но со спектакуларен пресврт извлече 3-3. Барса не е добра на гостувањата, денеска Каталонците имаа фуриозно прво полувреме во кое поведоа со 3-0, но и тоа не беше доволно за три бода.

После повредата на Ансу Фати кој е најдобар стрелец на Барса според тоа колку голови дава во просек по одиграни минути, работите се сменија. Јаго Аспас (фудбалер кој му има дадено рекордни осум лигашки голови на Тер Штеген) и Нолито ја вратија неизвесноста, а во 96-та минута, Аспас погоди уште еднаш за голам радост на „Балаидос“.

Прв гол за Барса после 20 месеци имаше Серхио Бускетс, а плејмејкерот на Барселона првпат после осум години даде гол со шут од надвор од 16-никот.

Ова е голот на Аспас:

- Оглас -

Најнови вести