Сестрата на Куртоа прво го обвини Спинацола дека глуми и задржува време, сега се кае

Одбојкарката Валери Куртоа, која е сестра на белгискиот фудбалски голман Тибо Куртоа, се извини за коментарот кој го имаше оставено додека на повредениот Леонардо Спинацола му се укажуваше лекарска помош за време на четвртфиналниот меч на ЕП помеѓу Белгија и Италија.

Сестрата на голманот на Реал Мадрид, го сликаше Спинацола како лежи на тревата во Минхен и напиша: „Ова е тоа што го викаат трик при продажба на производ“.

Се испостави дека повредата на ахиловата тетива на Спинацола е тешка, и дека тој нема да игра во следните пет-шест месеци. Бекот на Рома ќе биде опериран во Финска и му претстои долг процес на рехабилитација.

Валери сега жали за нејзиниот коментар.

„Жалам што Спинацола го заврши ЕП на ваков начин. Се извинувам за мојата реакција во првиот момент. Апсолутно се надевам дека тој добро ќе закрепне“ – порача сестрата на Куртоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести