Сетјен го брани клубот: Не може и цело време да победуваме, и младите да играат

Тренерот Кике Сетјен ја брани политиката на Барселона дека не мора талентираните фудбалери да играат, доколку тоа значи лоши резултати. Иако на последните мечеви Ансу Фати и Рики Пуиг влегуваа свежина во тимот, Сетјен повеќе им верува на поискусните играчи и од нив чека титула во Шпанија и Лигата на шампионите.

„Дали младите ќе играат, не зависи само од мене. Ако клубот купи пет играчи кои се најдобри на светот на своите позиции, тешко е да се најде место во првите 11 за некој од младинскиот тим. Луѓето сакаат да победуваме на секој меч, но и 17-годишни момци да играат како некој што освоил Светско првенство. Фановите сакаат да победуваме, но така младите нема да имаат место. Ако ставам во игра четворица јуниори и не победиме, тогаш јас ќе бидам виновен и ќе ме сменат“ – вели Сетјен кој се надева дека ќе остане во Барса и во следната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести