Севиља го пријави Реал, преку клупската телевизија вршел притисок врз судиите

Во еден од најинтересните натпревари во 26-то коло во Ла Лига, на „Рамос Санчез Пицхуан“, Севиља ќе игра против Реал Мадрид, а веќе почнаа матните игри поради кои реагираше домашниот тим.

Реал Мадрид на својата клупска телевизија направи компилација од сите грешки на сметка на Кралевите ги донел судијата Дијаз де Мера, кој треба утревечер (21 часот) да ја дели правдата на мечот.

 

Поради тоа, Севиља поднесе пријава против Реал Мадрид за прекршување на правилата на Фудбалската федерација на Шпанија. Во официјалното соопштение, Севиља најостро го осуди овој потег на Кралевите кој го смета за оркестрирана кампања со цел да изврши притисок врз судијата.

- Оглас -

Најнови вести