Севиља продолжува по старо и во 2024 година – реди порази во Ла Лига

Фудбалерите на Севиља повторно ги разочараа своите навивачи губејќи со 2:3 од Алавес во 20-то коло во Ла Лига.

Ова е втор пораз за Севиља во Ла Лига во вториот меч во 2024 година, а вкупно десетти во 20-тиот натпревар во сезоната поради што се наоѓа во долниот дел од табелата со само еден бод над зоната за испаѓање.

Алавес по првото полувреме имаше водство од 0:2 благодарение на головите на Тенаља и Гарсија, додека Севиља успеа да дојде со 2:2 во вториот дел. Прво Рафа Мир во 70-та минута намали на 1:2, а Лукас Окампос во 81-та минута постигна гол за 2:2.
Но, на крајот Алавес ги освои бодовите со голот на Дуарте во 90-та минута.

- Оглас -

Најнови вести