Севилја броеше до пет против Рајо

Севилја ќе преспие на четвртото место на табелата во шпанскиот шампионт, откако со убедливи 5-0 славеше во мечот против Рајо Валјекано во рамките од 34-тото коло. Фудбалерите на Хоакин Капарос имаа феноменални 14 минути во второто полувреме во кои ја тресеа мрежата на гостите во четири наврати.

Голеадата започна во 55-тата минута преку Промес, Ел Хадади погоди два пати во 57-ма и 62-ра минута, а поранешниот играч на Барселона му асистираше на Бен Једер за 4-0 во 69-тата минута. Конечниот резултат го постави Жил во 86-тата минута.

Со новите три бода Севилја има вкупно 55 на четири кола до крајот на  шампионатот, еден бод повеќе од Хетафе, додека Рајо Валјекано со 20-от пораз сезонава се наоѓа пред испаѓање во второто по квалитет шпанско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести