Севилја го купи најдобриот играч на Аталанта само за пет милиони евра!

Аргентинскиот фудбалер Алехандро Папу Гомес е нов играч на Севилја откако шпанскиот клуб брзо реагираше и го прифати „подарокот“ од Аталанта. Италијанскиот тим реши да го продаде еден од клучните играчи, и тоа за само пет милиони евра. Причина за заминувањето на Гомес е расправијата на фудбалерот со тренерот Џанпјеро Гасперини.

Популарниот Папу во Аталанта пристина во 2014 година и во 252 меча постигна 59 погодоци, а имаше и 71 асистенции. Кога стана јасно дека Аргентинецот ќе си замине од Бергамо, Севилја брзо реагираше и за скромни пет милиони евра доби квалитетно засилување во офанзивниот ред.

Искусниот 32-годишен Гомес потпиша договор со Севилја до 2024 година и токму затоа реши да го носи дресот со бројот 24.

 

- Оглас -

Најнови вести