Севилја го откупи Сусо од Милан

Сусо и во следните пет сезони ќе го носи дресот на Севилја откако неговата клаузула во позајмицата се активираше по пласманот на Андалузијците во Лигата на шампионите.

Севилја ќе исплати 24 милиони евра на Милан за услугите на крилниот играч, што значи дека Росонерите убаво профитираа од неговата продажба со оглед на тоа дека платија 1,5 милиони евра на Ливерпул во 2015 година.

Севилја го доведе Сусо на шестмесечна позајмица во зимскиот преоден рок, а оттогаш повремениот шпански репрезентативец одигра 19 меча во кои забележа по еден гол и асистенција.

Сусо со седумкратниот европски првак се разделува по 153 настапи, во кои реализира 24 гола и намести 36 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести