Севилја и Челзи утре ќе играат во Шпанија, а ВАР ќе работи од Швајцарија

Видеоасистент судијата (ВАР) на утрешниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Севилја и Челзи за првпат ќе работи од дистанца и ќе биде сместен во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион. Ова е првпат да се примени видеотехнологијата од далечина, а како резерва, ќе има ВАР и на стадионот „Рамон Санчес Писхуан“.

„Успешно го тестиравме ВАР-системот, кој може да работи и од далечина. Судијата на теренот ќе биде помаган од ВАР-собата, која ќе се наоѓа во Нион“, потврдија од УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести