Севилја пак позајмува од „Олд Трафорд“, овојпат бек

Севилја се договори на едногодишна позајмица на Алекс Телjес од Манчестер јунајтед, без опција да го откупи неговиот договор. Бразилскиот лев бек стана вишок кај Ерик тен Хаг по трансферот на Тајлер Маласија, па затоа во претстојната сезона ќе игра за Андалузијците.

Севилја и во ланската сезона позајмуваше од „Олд Трафорд“.  Во јануари го ангажира Антони Марсијал, а Французинот воопшто не се снајде и во 12 меча запиша само по еден гол и асистенција.

- Оглас -

Најнови вести