Севилја со акција од два допири постигна прекрасен гол и го победи Вест хем (ВИДЕО)

Лигата на Европа е натпреварување во кое доминира Севилја и тој податок ништо не може да го промени.

А доказ за тоа е и победата против Вест хем, каде што шпанскиот претставник на домашен терен славеше со 1:0 во првиот осминафинален меч.

Домашните доминираа во текот на целата средба, а единствениот погодок дојде благодарение на инспирацијата во 60-тата минута, и тоа на асистентот Маркос Акуња и стрелецот на голот Мунир ел Хадади.

Акуња одлично го пронајде Хадади, којшто на ефектен начин ја погоди мрежата на гостите, чиј голман, пак, топката можеше само со поглед да ја проследи.

Јасно е дека ништо не е решено и дека победникот ќе се бара за седум дена во Лондон, но овој погодок е доказ колку Севилја се чувствува убаво во ова натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести