Севилја заврши голема работа на „Сан Мамеш“

Севилја е со една нога во чеврт-финалето во Кралскиот куп откако вечерва славеше против Атлетик Билбао со конечни 3-1 на „Сан Мамеш“. Гостите од Андалузија завршија голема работа, за една од послабите шпански екипи сезонава ќе биде тешко да се врати од два гола негатива знаејќи дека реваншот го играат на гостински терен.

Нолито само по шест минути игра го постигна водечкиот гол за Севилја, додека Билбао до израмнувачки погодок стигна при стартот на второто полувреме со погодокот на Сан Хосе. Меѓутоа, кратко траеше неизвеноста, во 53-тата минута Андре Силва им донесе нова предност на гостите, а му асистираше стрелецот на првиот погодок. Во 77-та минута Бен Једер ги постави конечните 3-1, додека во улога на асистент повторно беше Нолито.

Реваншот на стадионот „Рамон Санчес Писхуан“ е закажан за 16-ти јануари, со почеток од 20:30 часот.

https://www.dailymotion.com/video/x70f0ol

 

https://www.dailymotion.com/video/x70f1o1

- Оглас -

Најнови вести