Шалке го претстави фудбалерот кој го украде од рацете на Милан

Шалке 04 го официјализираше трансферот на Озан Кабак од Штутгарт за сума од 15 милион евра. Младиот турски репрезентативец потпиша петгодишен договор со бундеслигашот, а тимот на Штутгарт го напушти по само шест месеци.

Иако најавите беа дека Турчинот ќе биде нов играч на Росонерите, дури се појавија детали околу неговиот договор со седумкратниот европски првак, но се случи голем пресврт за кратко време. Тој одлучи да остане во Бундеслигата каде ќе има многу поголема улога кај новиот тренер Дејвид Вагнер, отколку што би имал во редовите на Милан.

Кабак настапи на 15 лигашки натпревари за Штутгарт во вториот дел од минатата сезона во кои постигна и три гола, а дојде од редовите на Галатасарај за сума од 11 милиони евра. Испаѓањето на Штутгарт во Цвајте по само една сезона, значеше дека Кабак ќе си замине, а изборот падна на Шалке.

- Оглас -

Најнови вести