Германскиот второлигаш Шалке 04, го разреши Димитриос Грамозис од должноста главен тренер, а сменети се и неговиот помошник Свен Пипенброк, и тренерот на голманите Вил Корт.
Шалке вчера загуби дома од Ханза со 3-4, а македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го одигра целиот меч.
Клубот се бори за враќање во Бундеслигата, но резултатите во оваа 2022 година не се посакуваните, шести се на табелата, и мораше да се преземе некој конкретен чекор. Од Шалке најавија дека во текот на утрешниот ден ќе објават информација околу името на новиот тренер.