Шалке ќе преноќи на второто место во Бундеслигата

Шалке 04 успеа со гол во финишот да го победи Унион Берлин со 2:1 и го продолжи сензационалниот поход кон врвот на табелата во Бундеслигата.

Домаќините славеа со головите на Раман и Сердар, а тимот доживува неверијатна трансформација во однос на ланската сезона. Во минатото првенство едвај се спасија од испаѓање, а во новата сезона по 13 одиграни натпревари се втори во Бундеслигата со 25 бода, колку што има и лидерот Борусија Менхегладбах, но со меч помалку.

Голот за Унион Берлин го постигна Ингвартсен од пенал во 36. минута, во тој момент за израмнување на 1:1. Унион има 16 бода на 11. место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести