Германскиот фудбалски стратег Томас Рејс е назначен за нов тренер на Шалке 04, потврдија од клубот од Гелзенкирхен. Рејс на клупата на Шалке ќе го наследи Франк Крамер, кој доби отказ поради лошите резултати во Бундеслигата. По 11 одиграни кола, Шалке е последен само со шест бода.
Интересно е дека Рејс минатиот месец доби отказ од Бохум, клуб кој исто така е во зоната за испаѓање и има само седум бода од 11 кола, па ќе биде интересно да видиме дали новиот тренер ќе успее да го спаси Шалке од испаѓање и дали во Бохум направија грешка што го отпуштија стратегот кој ги предводеше во претходните три сезони и во 112 меча имаше 50 победи и 21 нерешен резултат.
„Ова е голем предизвик за мене. Цврсто сум убеден дека го имаме потребниот квалитет во екипата и заедно да ја оствариме нашата цел“, рече Рејс на промоцијата во новиот клуб.
Дебито на клупата за новиот клуб Рејс ќе го има на домашен терен против Фрајбург в недела.
Thomas Reis has taken over as head coach with immediate effect.
Welcome to Schalke and Glück auf, Thomas 🔵⚪#S04 pic.twitter.com/BifomzsEow
— FC Schalke 04 (@s04_en) October 27, 2022