Шалке со рафална стрелба, даде 20 гола на пријателски меч

Германскиот прволигаш Шалке 04, имаше контролен меч со нисколигашот Ботроп, и средбата заврши со победа на тимот од Гелзенкирхен од дури 20-1. Фудбалерите на Шалке беа толку расположени за давање голови, што и оној примениот, беше нивно дело, поточно автогол на повремениот српски репрезентативец Матија Настасиќ, кој не се разбра со голманит, па Ботроп намали на 1-5.

Сепак, на полувреме веќе беше 11-1, а во второто полувреме сино-белите дадоа уште 9 гола. Со шест голови се истакна Бургшталер.

Погледнете ја ревијата голови:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=4V4ZeQvWvcU

- Оглас -

Најнови вести