Шампион кој има резултати што никој не може да ги објасни

Фудбалерите на полскиот шампион Легија се вистински феномен во европскиот фудбал откако по 11 одиграни меча, имаат само три победи во домашниот шампионат и се во зоната за испаѓање.

Легија денеска загуби на свој терен од Погоњ со 2:0, што е нивен петти пораз во низа, а вкупно осми сезонава. Само со девет освоени бода, Легија е на 16-тото место и сега е во групата на екипи кои се борат за опстанок, иако треба да се потенцира дека има два меча помалку од останатите ривали.

Резултатите на Легија во полското првенство се уште понереални ако се знае дека тој клуб е дел од групната фаза во Лигата на Европа и по три кола е лидер, иако против себе има ривали како што се Наполи, Лестер и Спартак Москва.

Во Лигата на Европа, Легија го победи Лестер со 1:0 дома, а славеше и против Спартак во Москва со 1:0, но затоа во домашното првенство не може да победи речиси никого.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести