Европските ракометни прваци ќе пристигнат во Скопје во 18:50 часот со чартер лет обезбеден од Град Скопје. Иако првично требаше Вардарци да дојдат доцна вечерва во 23:55 часот, дојде до промена на планот, па за 39.500 евра е обезбеден чартер лет од Келн за Скопје.
Првично беше најавено дека чартерот ќе биде во 16:55 часот, а потоа летот беше откажан, за сепак на крајот да има чартер лет кој треба да пристигне малку пред 19 часот.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека веднаш по доаѓањето ќе се организира и прослава на плоштадот Македонија, за што се одвоени два милиони денари. Ракометарите од Град Скопје ќе добијат награда од шест милиони денари.
Вардар по вторпат во последните три години стана европски првак откако вчера во големото финале, со 27:24 го победи Веспрем.