Шампионот на Косово е пред пласман во групите во Лигата на конференции

Фудбалерите на Балкани се на добар пат втора година по ред да играат во групите во Лигата на конференции откако во првиот меч од плејофот остварија убедлив триумф над БАТЕ Борисов. Шампионот на Косово вечерва славеше со 4:1 и со едната нога е во групната фаза од најмладото европско клупско натпреварување.

На останатите мечеви од вечерните термини во плејофот за пласман во Конференциската лига поуспешни беа гостите. Бриж со 2:1 славеше на гостувањето кај Осасуна, а со идентичен резултат победи и ПАОК во Единбург, во дуелот против Хартс. АЗ Алкмар и Бран одиграа 1:1.

Во плејофот за пласман во Лигата на Европа, на петте меча домаќините победија на четири. Олимпијакос со 3:1 го совлада Чукарички, белгискиот Унион Сент Жил со 2:0 го победи Лугано, а со 2:1 славеа Слован Братислава и ЛАСК против Арис Лимасол, односно Зрињски. Без победник заврши само мечот меѓу КИ Клаксвик и Шериф Тираспол (1:1).

- Оглас -

Најнови вести