Шампионот на Типстер купот за мај порачува: Тој што игра редовно секој ден, добива!

Борис Тодоровски од Пехчево е победник на мајското издание на Типстер купот на Sport Life, тој до наградата од 100.000 денари, дојде благодарение на 12-те добитни тикети во текот на мај, кои ги исполнуваа условите за учество во Типстер купот.

Борис вели дека редовно се обложува, и тоа му се исплатело.

„Редовно уплаќам, ги следам натпреварите, и тоа многу ми помага да бидам точен во прогнозите. Нема ден да не го посетам Sport Life, тоа ми е секојдневна рутина. Секогаш се наоѓа по нешто за играње, само треба да се следи. Најчесто типувам на фудбалски натпревари, но играм и други спортови. Уплаќам различни тикети, кога како, некогаш ставам и по 50, некогаш и по 500 денари, илјадарка, зависи колку мечеви има на тикетот. Често играм и на сингл. Обично играме со син ми“ – раскажува Тодоровски.

„Најголема добивка на тикет ми е околу 1.000 евра. Задоволен сум, и овој месец добро ми оди“ – вели Борис, на кого овие 100 илјади денари му се рекордна добивка и одлично ќе му дојдат.

Како победник за месец мај, Борис доби 100.000 денари, второпласираната Елена Г. доби 30.000, а трети е Дарко Д. кој добива 20.000 денари.

Борис е од Пехчево, градот од кој е и двократниот победник на Спортска прогноза, Христијан Тренчевски, а и Христијан истотака има добивано 100.000 денари за најдобар типстер во месецот.

„Се знам со Христијан, генерација се со син ми. Ете така се погодува ние од Пехчево да испаднеме добри прогнозери. Тука во градот имаме обложувалница само на Sport Life, играме редовно, и тоа носи успех. Штом играш секој ден, не може да не погодиш“ – раскажува Борис.

Еден од недобитните тикети на Борис во мај му беше утнатата прогноза за финалето на Лигата на шампионите.

„Јас сум навивач на Ливерпул. Секогаш типувам навивачки на победи на Ливерпул. Ме изгореа за финалето против Реал“ – заклучува за крај, типстер шампионот за мај.

- Оглас -

Најнови вести