Шампионот се врати во живот, Ануноби донесе победа со неверојатна тројка на 0,5 секунди (видео)

Торонто репторс ги врати надежите во полуфиналната серија против Бостон и намали на 2-1 благодарение на Огугуа Ануноби и неговата неверојатната тројка за победа од минимални 104:103 на 0,5 секунди до крајот на средбата.

Бостон во последниот напад на мечот поведе со 103:101, по што остана половина секунда за Рептилите да смислат напад. Лаури ја уфрли топката во игра, па преку сите играчи го проигра осамениот Ануноби, а овој по приемот веднаш шутна и беше побрз од звукот на сирената.

За разлика од претходните две средби, овојпат силите беа поизедначени иако Бостон во текот на средбата имаше двоцифрена предност. Конечно проработеа Лаури (31) и Ванвлит (25), бековите на Торонто комбинираа 56 поени и го спречија налетот на Келтите предводени од Вокер со 29 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=MozN0mESsvc

ЛА клиперс со убедлив триумф од 120:97 ја отвори серијата против Денвер во полуфиналето на Западот. Кавај Ленард ја издиригира првата победа за Клиперси со 29 поени, кои ги реализира пред стартот на последниот период, што беше доволно за тимот на Док Риверс.

Џорџ иако одигра под просекот, сепак придонесе со 19 поени за триуфмот, додека Јокиќ на другата страна беше најефикасен со 15 поени, Мареј го застанаа на скромни 12 поени.

- Оглас -

Најнови вести