Шангај ја одреди цената за Игало

Манчестер јунајтед ќе треба да плати околу 13,5 милиони фунти за да го задржи Одион Игало во своите редови. Нигерискиот голгетер притистигна на „Олд трафорд“ во зимскиот преоден рок како позајмен играч од редовите на кинескиот прволигаш Шангај шенхуа, кои ја одредија цената за својот играч.

Игало за брзо се адаптира во составот на Оле Гунар Солскјер и во осум меча придонесе со четири погодоци. Триесетгодишниот напаѓач воедно е фан на Црвените ѓаволи и не би му пречело да продолжи да ги брани нивните бои, меѓутоа прашање е дали Солскјер ќе сака да го задржи и по крајот на оваа сезона, или пак ќе се пушти во потрага по поквалитетен голгетер.

- Оглас -

Најнови вести