Шченсни ќе го брани голот на Јувентус до 2024 година

Војќех Шченсни ќе го брани голот на шампионот Јувентус до јуни 2024 година откако денеска го продолжи договорот со Старата дама.

Полјакот сезонава брани стандардно, иако во клубот се врати легендата Џиџи Буфон, кој му е резерва на Шченсни. Војќех пристигна во редовите на „црно-белите“ во 2017 година од Арсенал.

„Прекрасната соработка меѓу нашиот клуб и Шченсни ќе продолжи до 2024 година. Војќех е одличен голман и прекрасен човек и нема сомневање дека си заслужи продолжување на договорот“, објавија од Јувентус.

Сеознава Шченсни бранеше на 16 меча за Јувентус и на шест од нив не прими гол.

- Оглас -

Најнови вести