Шченсни: Кога јас бранам добро и имам многу одбрани, тоа не е добро за Јувентус!

Голманот на Јувентус, Војќех Шченсни, не сакаше да прима честитки за одличната партија на гостувањето кај Севиља бидејќи и покрај неговите чудесни одбрани, Јуве загуби и втора сезона по ред нема да освои ниту еден трофеј.

„Ако јас имам многу одбрани, тоа не е добар знак за нашата игра. Сите мои одбрани беа за џабе вечерва, разочарувањето е големо. Повеќе би сакал да бранев лошо, а да се пласиравме во финале. Јувентус треба да освојува трофеи, а не само да учествува во натпреварувањата. Иако имаме подмладен состав, сезона без трофеј не е добра“, изјави Полјакот Шченсни.

Шченсни смета дека случувањата околу Јувентус и одземањето, па враќањето бодови всушност им помогнале.

„Тоа немаше негативно влијание, напротив, ни помогна. Тимот е обединет, се чувствувавме како да сме во војна против сите. Втори сме во Серија А, но не знаеме каде ќе бидеме следната недела, таа неизвесност и можност за одземање бодови не е добра“, вели Шченсни.

Јуве в понеделник чека пресуда и можно е да му бидат одземени девет бода, со што најверојатно ќе остане без учество во ЛШ следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести